Би-Би-Си – Лондон

Во петокот вечерта изгледаше дека стотоци турски војници презеле контрола над клучните реони во двата најголеми града Анкара и Истанбул. Додека пучистите преземаа згради и медиуми, никаде го немаше претседателот Реџеп Ердоган. На пучистите им беше потребна поддршка од јавноста и што е уште поважно од мнозинството во војската.

zx450y250_2796464

Изгледаше дека премиерот Бинали Јилдирим го води отпорот против превратот, но како што знаат најголемиот број Турци, претседателот Ердоган е тој што ја има моќта и што ја контролира.

Ако сакаа превратот да успее, заговорниците мораа него да го држат на страна, но тие неможеа да го сторат тоа. – Јас сум врховен команднат, изјави тој подоцна.

Кога дојде до пресврт?

Со часови не се знаеше каде е претседателот Ердоган. Инфромациите беа дека тој е на одмор во егејското одморалиште Мармарис, на крајниот југозапад на Турција.

Пресвртот настана кога претседателот слета на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ и одржа прес-конференција манифестирајќи пркос.

Во моментот кога тој слета во Истанбул стана јасно дека ја повраќа контролата над власта и дека ја има поддршката на највисоките воени претставници.

Анкара, каде што се наоѓаат неговата палата и Владата, се уште не беше под негова контрола, но од Истанбул тој можеше директно да и се обрати на Турција.

Тоа беше „чин на предавство и бунт“, изјави тој пред новинарите.

Еден од најблиските советници на претседателот, Илнур Џевик за Би-Би-Си изјави дека набргу потоа превратот бил скршен со волјата на турскиот народ.

– Целосно е јасно дека имаше обид за преврат, но набрзо дојде до пресврт во состојбата во полза на Владата и Ердоган ги повика луѓето да излезат на улиците во Анкара и Истанбул и тие го сторијата тоа, рече Џевик.

Всушност турскиот народ беше тој што го презеде аеродромот „Ататурк“ од војската и народот беше тој што ја поврати државната радио-телевизија од војската, додаде тој.

Контрола над медиумите

Реално, војниците кои ги презедоа студијата на ТРТ го скршија обидот за отпор и водачите на државниот удар беа во можност да ја објават својата порака до јавноста.

„Мировниот совет“ ја презеде власта и во сила е полициски час, порачаа тие.

Една друга телевизија, Си-Ен-Ен Турк исто така прекина со емитување на програмата кога војниците презедоа контрола врз неа, а социјалните медиуми беа блокирани.

Но, контролата на пучистите над медиумите не траеше долго и дури и пред да слета на аеродромот „Ататаурк“, претседателот Ердоган преку Си-Ен-Ен Турк објави видео порака во која ги повика Турците да излезат на улиците.

Претседателот можеби имаше среќа. Тој рече дека хотелот во кој бил сместен бил гранатиран, откако си заминал и дека неговиот генерален секретар бил заробен.

Дали превратот имаше широка поддршка меѓу Армијата?

За успешност на еден преврат потребно е тој да ја има поддршката на Вооружените сили. Можеби во пучот беа вклучени голем број офицери во неколку турски градови.

Тенкови излегоа на улиците и војниците презедоа контрола над мосотвите преку протокот Босфор во Истанбул.

Но, началникот на Генералштабот, генерал Хулуси Акар, не беше вклучен во превратот, како ни команедантот на гарнизонот во Истанбул, кој ја презеде командата над Армијата, додека пучистете го држеа генерал Акар.

Командантите на Воената морнарица и на специјалните сили исто така се изјаснија против бунтот, а ловци Ф-16 нападнаа некои од тенковите на пучистите.

– Овој обид за преврат пропадна дури и пред да почне, вели Фади Хакура од британскиот „Четам Хаус“, кој смета дека тој бил изведен аматерски и дека не добил широка поддршка меѓу војската.

Пучот немаше ниту политчка, ниту пак поддршка од јавноста. Опозициската секуларна Републиканска народна партија (ЦХП) соопшти дека на Турција и е доста од воени удари и дека не сака „тие проблеми да се повторат“. Националистичката Партија на националистичка акција (МХП) исто така застана зад Владата.

Кои беа пучистите?

Тие беа група во Армијата, а воени претставници изјавија дека тоа било само мала група во Првата армиска област со седиште во Истанбул.

– Тие не претставуваа големо мнозинство од војската, вели Фади Хакура, кој верува дека неуспехот е доказ дека превратите повеќе немаат голема поддршка во Турција како што беше случај порано.

Реџеп Тајип Ердоган подолго време предупредуваше на можен преврат и последниве години Владата направи обид за смена на високи воени и полициски претставници, кои беа осомничени дека работата против исламистичката владејачка Партија на правдата и развојот (АКП).

Дали пучот бил планиран во САД?

Претседателот Ердоган последниве години го обвинува неговиот некогашен сојузник Фетулах Ѓулен дека подготвува заговор против него. Нивното сојузништво се распадна и Ѓулен замина во доброволен егзил во САД.

Затоа и не чуди што не помина многу време од почетокот на обидот за преврат, а претседателот веќе обвини дека зад него стои „паралелната структура во држвата“, јасно алудирајќи на Ѓулен.

Движењето на Ѓулен од своја страна негираше каква и да е поврзаност со пучот. Групата на Ѓулен соопшти дека обидот за преврат го смета за „чуден и интересен“, но отфрли секакви обиди за загрозување на демократијата, стравувајќи од обнова на нападите врз неа.

Како и да е, Владата набрзина суспендираше петмина генерали и 29 полковници, за кои тврди дека се поврзани со „паралелната стрктура во државата“. /МИА

Слични содржини