Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, тешко се помири со убедливиот пораз во градското дерби против Милан во полуфиналето на Купот на Италија, а неговата нервоза го достигна својот врв во самиот финиш од натпреварот кога побара од четвртиот судија да не ја продолжува играта. Тоа беше моментот кога Интер губеше со убедливи 3:0, а дури по пет замени на двете страни беше сугерирано дека судијата треба да го продолжи натпреварот за неколку минути.
Иако резултатот беше таков што немаше да биде полошо да се заврши натпреварот по 90 минути, Инзаги не сакаше ништо да препушти на случајноста, па му се развика на судијата да го свири последниот свиреж побрзо.
„Не сакам дополнително време. Нема да ми ја украдете гордоста“, грмеше на цел глас, видно нервозниот Инзаги, а не долго потоа неговото барање беше исполнето бидејќи дуелот заврши само неколку секунди по завршувањето на регуларните 90 минути.
Inzaghi non vuole il recupero. pic.twitter.com/GJAkXDsBNi
— Gianluca Pazzaglia (@gpazzaglia71) April 24, 2025