🎥 Видео: Гори Руска рафинерија по напад со дронови

од Љубиша Владимиров
35 прегледи

Во текот на ноќта, нафтената рафинерија Туапсе во руската Краснодарска територија беше нападната со беспилотни летала, предизвикувајќи сериозен пожар, пренесуваат руски медиуми.

Жителите на регионот пријавиле серија експлозии околу 3 часот по полноќ по локално време. Според локални извори, тревогата за воздушна опасност била активирана дури откако нападот веќе бил во тек.

На социјалните мрежи кружат фотографии и видеа од пламенот што избувнал во рафинеријата, а рускиот Телеграм-канал Mash објави дека причината за пожарот е пад на остатоци од соборен дрон, кој наводно бил украински.

Ова не е прв напад врз оваа рафинерија – таа беше погодена и ноќта меѓу 25 и 26 февруари, при што беа оштетени објекти за преработка на нафта. Одговорноста за тој напад ја презеде Украинската одбранбена разузнавачка служба.

Москва сè уште нема излезено со официјална реакција, но експертите предупредуваат дека ваквите напади стануваат сè почести и би можеле дополнително да ја ескалираат тензијата во регионот.

Слични содржини