🎥Дончиќ уфрли 60 поени за два дена, Лејкерси се поблиску до врвот

од Nikola Popovski
34 прегледи

Чудесниот Лука Дончиќ вторпат за два дена ги предводеше Лејкерси до голема победа во градското дерби. Откако пред два дена постигна 31 поен против Клиперси во победата од 106:102, тој денеска приреди уште еден одличен настап во победата од 108:102.

Овој пат постигна 29 поени со шест скока и девет асистенции, со што потврди дека се враќа во претпознатливата форма.

Првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс додаде 17 поени со девет асистенции, додека на другата страна Кавај Ленард постигна 33 поени со 10 скока.

Во редовите на поразениот тим настапија двајца играчи од нашиот регион. Ивица Зубац натпреварот го заврши со 12 поени и 9 скока, додека Богдан Богдановиќ постигна 12 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=g6Rn-sC8cZ0&ab_channel=Greg%27scourt

Лејкерси со оваа победа, шеста во низа, дојдоа на само една победа зад Денвер на Јокиќ, а имаат и два меча помалку, со што сега се во предност во борбата за второто место на Западот. Во игра се и Мемфис и Хјустон, па оттаму ни претстои голема борба до крајот.

Слични содржини