🎥Французите му порачаа на Ембиид да го врати пасошот!

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Новопечениот репрезентативец на Соединетите Американски Држави, Џоел Ембиид, имаше најпријатен пречек во Париз.

Ембиид е роден во Камерун и има американско и француско државјанство. Беше во дилема за која од овие земји ќе настапува и на крајот решил тоа да бидат САД, што не им се допаднало на Французите.

Навивачите го пречекаа американскиот тим, а Ембиид беше главната цел при влегувањето во автобусот. Му рекоа да го врати францускиот пасош.

Кошаркарот на Филаделфија не влезе во дискусија, а набрзо по овој настан се појавија неговите зборови: „Веројатно сум најомразениот играч во НБА. Навистина не знам зошто е тоа така“.

Неговиот тим е во групата Ц со селекциите на Србија, Јужен Судан и Порторико и важи за најголем фаворит на турнирот.

Слични содржини