🎥„Јенки, вратете се дома“: Нападнати американски маринци во Турција, им ставиле кеси на главите

од Nikola Popovski
116 прегледи

Членови на турска националистичка младинска организација во понеделникот нападнале двајца американски маринци во турскиот град Измир. Припадниците на американската војска дошле со бродот „USS Wasp“, кој пристигнал претходно во текот на денот за време на неговото распоредување во Средоземното Море.

На видеото се гледа како група мажи држат маринец во цивилна облека, при што еден му става бела кеса преку главата. Мажите извикувале „Јенки, вратете се дома“.

Според канцеларијата на гувернерот на Измир, безбедносните сили „брзо интервенирале“ и привеле 15 осомничени. Според неговите зборови, петмина припадници на американските служби во цивилна облека „од далечина го набљудувале инцидентот“, додавајќи дека потоа биле инволвирани во инцидентот.

„Двајцата маринци добија помош од други маринци и потоа беа однесени како мерка на претпазливост во локалната болница за евалуација, но не беа повредени и се вратиле на бродот“, рекол командантот Тимоти Горман, портпарол на американските поморски сили за Европа, пренесува „NBC News“.

Американската амбасада објави соопштение во кое се вели дека Американците „сега се безбедни“. Дипломатите им се заблагодариле на турските власти за „нивната брза реакција и тековната истрага“.

Напаѓачите се членови на националистичката Унија на млади Турци (ТГБ), која е поврзана со малата Патриотска партија.

„Американските војници кои ја имаат крвта на нашите војници и илјадници Палестинци на рацете не можат да ја загадат нашата земја“, се вели во соопштението на партијата на социјалните мрежи.

Генералната секретарка на ТГБ, Ајлин Кум истакнал дека членовите на групата веќе ставиле кеси над главите на американските војници во шест различни градови. Таа додала дека нападите биле „одговор“ на инцидентот во Ирак во 2003 година, кога американските трупи накратко ги привеле турските командоси и ги транспортирале со качулки над главите. Инцидентот предизвикал голема огорченост во тогашната Турција и ги затегнале односите меѓу земјите.

Во меѓувреме, граѓаните на Измир излегоа на улиците да демонстрираат против приклучувањето на американскиот воен брод „USS Wasp“, изразувајќи солидарност со Палестинците и нивното противење на американската воена поддршка за Израел поради геноцидот во Газа.

Слични содржини