🎥Официјално: Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

од Vladimir Zorba
593 прегледи

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка.

Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања.

– Надзорниот одбор на Европското кадетско првенство 2024 година во Тирана (Албанија) му изрече шестмесечна суспензија на селекторот откако на крајот од натпреварот покажа физичка агресија кон својот спортист. Инцидентот е снимен со видео камера и јасно се гледа како тренерот се однесува на начин, за кој во нашиот спорт постои нулта толеранција. Селекторот јавно се извини и доби забрана за учество на сите натпреварувања, државни и меѓународни, во период од шест месеци, стои во соопштението.

Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.

Да потсетиме, на Европското првенство во таеквондо за девојчиња на возраст од шест до осум години, се случи голем скандал кога Фети и удри шлаканица на својата ќерка Валина Фети, откако таа го загуби финалниот меч од српската репрезентативка Нина Савиќ.

Слични содржини