🎥Посилен од 20 удари со шипка: Кучето кое беше ѕверски претепано е во подобра состојба

од Nikola Popovski
118 прегледи

После два дена неизвесност утрово не разбуди најубавата слика, Феликс покажува знаци на подобрување, објавија од ЈП „Лајка“ за настанот со претепаното куче од вработен во фирма кое ја вознемири јавноста.

Според претпријатието, кучето е во добра и свесна состојба.

-Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме, информираа од „Лајка“.

Лицето кое го претепало кучето било приведено, но, оттаму додаваат дека јавниот обвинител надлежен за случајот, не побарал продолжување на мерката притвор.

„Лајка“ најави дека ќе поднесе кривична пријава против сторителот и соучесниците во кривично-правниот настан.

Во Момин Поток беше снимен случајот на невидена суровост врз бездомното куче, кое над 20 пати било ѕверски удирано по главата.

„Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано со дебело дрво, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; случај кој ќе останеше невиден доколку не беше евидентиран на камерите за видео надзор“, велат од здружението „Анима Мунди“.

🎥„Анима Мунди“: Изживување врз мирно куче во фирма во Момин Поток, било удирано над 20 пати!

„Анима Мунди“ изготви Предлог-иницијатива за измена и дополна на Кривичниот законик која ќе биде доставена во Владата, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и ресорните министерства наредната недела, секако и до медиумите и јавноста, за која очекуваме унифицирана поддршка од сите релевантни субјекти.

Во земјава има закони за заштита на животните, но не се спроведуваат. Бездомните животни постојано се изложени на нехуман третман. Тепање, убивање, труење, малтретирање на уличните животни е секојдневие.

Слични содржини