🎥Санкционирано лице кое се возело на кров на „голф“ на Партизанска и веело албанско знаме

Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола

од Nikola Popovski
34 прегледи

МВР информира дека во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул.”Партизански Одреди” во Скопје на која гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И.

За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.

Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.