🎥Тепачка во „Кале“: Навивачи на КК Чаир го нападнаа капитенот на ТФТ

од Nikola Popovski
368 прегледи

Пријателскиот кошаркарски натпревар меѓу ТФТ-Чаир одигран вчера во СРЦ „Кале“ е прекинат кон крајот поради масовна тепачка.

Немилиот настан се случил на две минути пред крајот на натпреварот кога по прекршок на кошаркар на ТФТ дошло до реакција од актерите на мечот, но и кај дел од публиката. Тензијата се прелеала во тепачка позади една од тренерските клупи.

Според информациите, најмногу „настрадал“ капитенот Едис Нури кој бил нападнат од неколку лица. Чаирчани тврдат дека биле испровоцирани од кошаркарот.

Инцидентот бил пријавен во полиција.

По ова се огласија и од Македонската кошаркарска федерација. Најавија дека ќе ги преземат сите мерки и ќе изречат соодветни казни за актерите во инцидентот.

За таа цел, согласно со првичните информации, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, од актерите, односно од претставниците на двата клуба, побарал во текот на утрешниот ден  да му достават изјави за инцидентот, односно причините за прекинатиот натпревар.

-Освен тоа свое видување во писмена форма ќе дадат и официјалните лица (судиите и делегатот на натпреварот), по што ќе бидат донесени соодветни одлуки.

По втор пат за кратко време, во подготвителниот период, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, екипата на Чаир 2030 е учесник на натпревар во кој се случуваат работи кои немаат ништо заедничко со кошаркарската игра, стои во соопштението од КФМ.

Слични содржини