📷🎥Ферари ги покажа новите комбинезони на Леклер и Хамилтон

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Ферари ги откри новите тркачки одела за своите двајца возачи, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, за сезоната во Формула 1 во 2025 година.

„Влегуваме во ерата 1644“, напишаа Скудерија под видеото, на кое возачите се појавуваат во нивните нови, позаситени црвени комбинезони.

Од дизајнот на новите комбинезони се отстранети жолтите елементи, кои сега се заменети со бели, а имињата на пилотите на појасот веќе не се на позадината на нивното национално знаме, туку на бела позадина.

Слични содржини