📷 Ирина Шајк на промоција на козметички бренд дојде во проѕирен фустан

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Ирина Шајк привлече внимание на промоција на козметички бренд во Милано.

38-годишната манекенка се појави во проѕирен фустан од ситни сребрени синџири. Со тоа искомбинирала широк црн елек и сребрени потпетици. Таа носеше едноставна фризура и шминка и спремно им позираше на фотографите.

Во средината на октомври, Ирина Шајк прошета на модната писта на Victoria’s Secret за прв пат откако учествуваше на ревијата во 2016 година, кога на незаборавен начин го сокри трудничкото стомаче. Оваа година Шајк носеше делумно проѕирен комбинезон покриен со ѕвезди, големи обетки со обрач и сандали со металик потпетици.

„Последниот пат кога прошетав во шоуто на Victoria’s Secret, бев бремена речиси 5 месеци, па еве ме. Се враќам”, изјави манекенката пред овогодинешната ревија, која се одржа во Њујорк по шест годишен прекин.

Инаку, Ирина е руска манекенка која доби меѓународно признание кога се појави како прв руски модел на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit Issue во 2011 година.

Слични содржини