📷Алвеш направи „журка“ веднаш по излегувањето од затвор

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Само два дена откако излезе од затвор, Дани Алвеш ги полуде соседите во Барселона со гласна забава до раните утрински часови. 40-годишниот поранешен репрезентативец на Бразил доби привремена слобода со кауција од еден милион евра, откако помина 14 месеци во ќелија во затворот во Барселона.

Во вторникот вечерта Алвеш приреди голема забава по повод роденденот на неговиот татко, пренесува Asi es la vida. На забавата присуствуваа пријатели на семејството, но и пријатели на ѕвездата. Меѓу гостите беше и Мемфис Депај, за кој се вели дека ја платил кауцијата.

Бразилецот беше осуден на 4,5 години за сексуален напад на млада жена во ноќен клуб во Барселона кон крајот на 2022 година. Неговите адвокати поднесоа жалба и набргу потоа беше ослободен со кауција.

Тој не може да ја напушти територијата на Шпанија и мора секоја недела да се јавува на суд.

Слични содржини