📷Голем пожар во 22-катница во Лондон: Четири лица повредени, 60 пожарникари биле ангажирани за гаснење

од Илинка Илиоска
257 прегледи

Четири лица се повредени во пожар што избувна во 22-катница во Лондон, јавуваат британските медиуми. Според извештаите на „Сан“, пожарот започнал на третиот кат од еден стан, кој бил целосно уништен.

Осум противпожарни возила и околу 60 пожарникари биле ангажирани за гаснење на пожарот. Четири лица биле хоспитализирани како мерка на претпазливост. Лондонската противпожарна бригада информира дека пожарот е ставен под контрола.

Причината за пожарот сè уште не е позната, а сведоци тврдат дека пламенот бил изгаснат во рок од 45 минути откако биле примени 21 повик поврзан со пожарот.

Противпожарната единица користела вртлива скала од 32 метри за гаснење на пожарот одозгора. Четирисобниот стан е уништен, а оштетени се половина од балконот и дел од покривот на станот.

„Луѓето беа навистина загрижени дека пожарот ќе се прошири, никој не знаеше што ќе се случи. Имаше многу пожарникари и за среќа го фатија пред да се прошири,“ изјави случаен минувач.

Слични содржини