📷Хаос во МРТ за подигнување лични документи, се чека и по два часа

од Nikola Popovski
385 прегледи

Голготата на чекање пред вратите на полициската администрација во зградата на МРТ не престанува. Поради толпата луѓе кои чекаат да ги подигнат пасошите и личните карти, се чека и повеќе по два часа пред шалтерите.

-Чекам од 10 часот, меѓу првите го оставив ливчето, но еве во 12 часот се уште чекам. Нема ред, но ако имате познат веднаш ќе ви завршат работа, вели изреволтирана граѓанка.

Според информациите, внатре во шалтерите за подигнување лични документи работат двајца вработени, кои не можат да ги опслужат граѓаните.

На 13 февруари 2024 година нема да можете да преминете надвор од државните граници со валиден пасош на кој стои старото име „Република Македонија“, односно, од тој датум, станува невалиден. Неважечки ќе бидат и личните карти. Ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ.

Според официјалната статистика, пасошите се најчесто разменувана ставка со 1 милион примероци, а преку системот на МВР се издаваат и 900.000 нови лични карти и 480.000 возачки дозволи.

Фото: Локално

Слични содржини