📷Макрон со честитка на македонски јазик за победата на Силјановска Давкова

од Nikola Popovski
230 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон ѝ ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори во Македонија. Занимливо е што пораката на социјалните мрежи е напишана на македонски јазик.

-Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина, објавил Макрон на Фејсбук.

По победата на Силјановска-Давкова, реакции и честитки од Брисел, но и од соседите. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји очекува забрзување на реформите на патот кон ЕУ.

Со честитка и слична порака и евроамбасадорот Дејвид Гир.

„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, напиша Гир.

Победата на Силјановска-Давкова ѝ ја честитаа и хрватскиот претседател Пленковиќ и српскиот шеф на државата, но и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Посакувајќи ѝ успешно извршување на одговорната функција, Вучиќ е уверен дека заедно ќе работат на јакнење на врските меѓу двете држави, со цел напредок и благосостојба на двата народа и просперитет на целиот регион.

Честитки стигнаа и од Словенија, Косово и Албанија.

Слични содржини