Себастијан Стен се трансформираше во Доналд Трамп на снимањето на претстојниот филм „The Apprentice“.
На фотографиите кои се појавија на интернет, се гледа актерот со русокосата перика на 45-от американски претседател за време на снимањето во Торонто во понеделникот.
Ѕвездата на Марвел беше облечена во црн капут во комбинација со сино одело и вратоврска во риги одоздола.
Во една од сцените од претстојниот филм, Стен џвака сендвич додека седи на клупа во парк во еден снежен ден.
— ' (@cravemedia_) December 4, 2023
„Дедлајн“ минатата недела објави дека актерот – кој има историја на прикажување луѓе од реалниот живот на екранот – ќе ја игра улогата на Трамп во биографскиот филм. Пред ова го гледавме како Томи Ли во серијата Pam and Tommy.
Во филмот ќе играат и Џереми Стронг како адвокатот Рој Кон и Марија Бакалова како првата сопруга на Доналд, Ивана Трамп.
Според медиумите, филмот е опишан како „истражување на моќта и амбициите сместени во свет на корупција и измама“.
„Приказната за ментор и штитеник е таа што го прикажува потеклото на една американска династија. Исполнет со ликови поголеми од животот, ја открива моралната и човечката цена на културата дефинирана од победниците и губитниците“, додаде „Дедлајн“.