Компанијата „Пин Петрол“ од Куманово остро реагира на информациите што се појавија во дел од медиумите, поврзувајќи ја со уапсената Габриела Крстевска. Од таму испратија демант во кој тврдат дека немаат никаква сопственичка, правна или роднинска врска со осомничената.
„Во целост се оградуваме од објавените наводи. Немаме никаква врска со Габриела Крстевска – ниту правна, ниту лична, ниту бизнис“, велат од „Пин Петрол“ во писмената реакција.
Според објаснувањето, Крстевска не била вработена во самата компанија, туку во АД Пошта Македонија – Подружница Пин Петрол, со која „Пин Петрол“ имал склучен деловен договор.
„За какви било информации во врска со осомничената, треба да се обратите до АД Пошта Македонија. Нашата документација е целосно доставена до надлежните органи и одговорот е јасен – немаме ништо со случајот“, нагласуваат од компанијата.
Од „Пин Петрол“ упатуваат и критика до дел од медиумите, обвинувајќи ги за сензационализам и неточни наслови.