13
Со брза и ефикасна интервенција на хеликоптер на македонската полиција, денеска заедно со екипите на терен беше спречено ширењето на пожарот кон блиските објекти на подрачје на Јасен и Јегуновце, со што беше избегната поголема материјална штета и опасност по жителите, соопшти МВР вечерва.
Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, сѐ до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.