На социјалните мрежи се појави видео за кое се вели дека е снимено по синоќешниот руски ракетен напад врз хотел во украинскиот град Краматорск во Донбас.
„Киев пост“ објави дека таму се ранети двајца новинари, а локалните власти соопштиле дека и трет новинар исчезнал под урнатините.
Вадим Филашкин, шеф на воената администрација на регионот Доњецк, на Телеграм објави дека хотелот бил конкретно цел на рускиот напад на Краматорск.
Новинарите кои се жртви на напади се од Украина, САД и Велика Британија.
Краматорск е последниот голем град во Донбас кој сè уште е под украинска контрола.
Се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.
Footage from inside and from the site of debris removal after the Russian attack on a hotel in Kramatorsk last night.#Ukraine️ #UkraineRussiaWar #Russia #Kramatorsk pic.twitter.com/4qRtBUFsrx
— Ulfh3dnar (@Ulfh3dnar_) August 25, 2024
Пред почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Краматорск имал околу 150.000 жители и оттогаш е цел на бројни напади.