📽️Кејт Мидлтон преку емотивно видео откри дека конечно заврши со хемотерапија

од Nikola Popovski
16 прегледи

Принцезата од Велс проговори за своето здравје по завршувањето на хемотерапијата во многу лично и емотивно видео, објавено од Кенсингтонската палата.

Кејт во март откри дека е на лечење од рак и оттаму не се појавуваше во јавноста поголемиот дел од оваа година, велејќи во емотивното видео дека оваа година била „неверојатно тешка“ и дека „животот каков што го знаете може да се промени во само еден момент“.

Иако видеото испраќа позитивна порака за напредокот на принцезата во лекувањето, од палатата посочуваат дека во оваа фаза не може да се каже дали таа целосно закрепнала.

Принцезата го опиша своето искуство во борбата со ракот како „комплексно, застрашувачко и непредвидливо“.

„Со понизност, се соочувате со вашите сопствени слабости на начин на кој никогаш досега не сте размислувале, а со тоа и нова перспектива за сè“, вели принцезата во личното видео снимено минатиот месец во Норфолк.

Видеото, снимено во есенски бои, сугерира колку е задоволна што ја завршила оваа фаза од нејзиното лекување.

„Како што летото завршува, не можам да ви кажам колку ми е олеснето што конечно се заврши со хемотерапија“, вели таа, видена како вози и пешачи со своето семејство.

Нејзините здравствени проблеми започнале во јануари кога била хоспитализирана поради неодреден вид на операција на абдоменот. Принцезата ја откри дијагнозата на рак во март, со видео порака во која истакна дека е на лекување и дека ќе ѝ треба приватност додека закрепне.

Слични содржини