252
Два воза се судрија во неделата вечерта во близина на италијанскиот град Фаенца, при што се повредени најмалку 17 лица, од кои повеќето полесно, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачите на местото на настанот.
Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од железничката линија меѓу градовите Болоња и Римини, во северниот италијански регион Емилија Ромања.
Причината за несреќата на почетокот не беше јасна. Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север. Едниот воз удрил во другиот одзади.