Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ја отфрли идејата дека ситуацијата во Украина би се развила поинаку доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп останеше на функција.
Во интервју за Си-Би-Ес, Лавров рече дека руско-американските односи се веќе затегнати до тој степен што американски претседател не би можел да влијае на одлуките на Москва.
Лавров ја припиша „напнатоста“ на ерата на поранешниот претседател Џорџ Буш, тврдејќи дека деградацијата на односите започнача со повлекувањето на Буш од Договорот за балистички ракети.
Коментарите доаѓаат откако Трамп тврдеше дека можел да ја спречи Русија да ја нападне Украина доколку останел на функција.