📽 Масовни руски напади врз Киев и Харков, се огласи Кличко

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека утринава се слушнале експлозии во главниот град на Украина како последица на уште еден масовен руски напад врз соседната земја.

„Киев Индипендент“ објави дека украинските воздухопловни сили објавиле воздушен аларм за сите области на Украина.

„Некои постројки и станбени згради во неколку области на главниот град се без струја“, најави Кличко.

Воената управа на градот на Телеграм објави дека остатоците од руската ракета паднале врз повеќекатната станбена зграда во областа Печерски.

Во областа Облон, делови од ракетата паднале на просторот каде што се наоѓа складиштето, а во областа Холосивски, на просторот на градскиот парк.

„Во областа Подилски наводно биле зафатени инфраструктурни објекти и гасоводот“, изјави Кличко.Тој најави дека таму се испратени спасувачки екипи.

Украинската веб-страница наведува дека засега нема пријавени човечки жртви.

Се известува дека Олех Синјехубов, гувернерот на регионот Харков, објавил дека и Харков е под руски напад и му наредил на населението веднаш да оди во засолништа.

Слични содржини