Стотици демонстранти синоќа упаднале во зградата на Капитол Хил во Вашингтон, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа.
Полицијата во главниот град на САД започнала да апси демонстранти, вклучително и групи предводени од американски Евреи кои носеле транспарент „Евреите велат – прекин на огнот сега“, пишува „Вашингтон пост“.
„Оплачете ги мртвите и жестоко борете се за живите“, пишуваше на друг транспарент што во зградата го донесоа околу 400 претставници на една од еврејските заедници.
Поединците носеа традиционална еврејска облека, додека повеќето носеа маици на кои пишуваше „Не во наше име“.
HAPPENING NOW: Hundreds of American Jews are holding a sit-in at Congress — and we won’t leave until Congress calls for a ceasefire in Gaza. As thousands of U.S. Jews protest outside, over 350 are inside, including two dozen rabbis, holding prayerful resistance. pic.twitter.com/H0b2ort6fa
— Jewish Voice for Peace (@jvplive) October 18, 2023
Полицијата набрзо почна да ги апси демонстрантите, оправдувајќи го таквиот потег со тоа што немаат дозвола за влез во зградите на Капитол Хил.
Протестот беше организиран од групата „Еврејски глас за мир“, која на профилот на платформата X напиша дека „бара да се стави крај на геноцидот врз палестинскиот народ, кој е потпомогнат и поттикнат од американската влада“.