📽 Најмалку 16 загинати во уривање борбен авион во училиште во Бангладеш

Повредени се над 100 луѓе, од кои 83 биле примени в болница. Повредените се претежно ученици, кои главно задобиле изгореници.

од desk2
11 прегледи

Најмалку 16 луѓе ги загубија животите во страотната авионска несреќа, во која авион-ловец  F-7 BGI на Военото воздухопловство на Бангладеш удри во зградата на едно училиште во главниот град Дака. Несреќата се случила во 13.06 часот по локално време, а авионот бил кинеска верзија на рускиот МиГ-21.

Повредени се над 100 луѓе, од кои 83 биле примени в болница. Повредените се претежно ученици, кои главно задобиле изгореници.

Авионот всушност удрил во покривот на објектот на трпезаријата во рамките на училишниот комплекс. Уследила силна експлозија и пожар со многу црн чад.

Владата на Бангладеш утрешниот ден го прогласи за ден на национална жалост.

 

Слични содржини