📽 Роберт де Ниро откри како неговите деца и внуци реагираат на ќерката која ја доби на 80 години

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Во април минатата година, познатиот актер Роберт Де Ниро го доби своето седмо дете на 80-годишна возраст, а сега за првпат покажа како изгледа малата Гиа.

Тој позираше со десетмесечната наследничка, а на видеото можете да видите како ја гали и ја држи за образ.

„Таа е преслатка“, коментира актерот во интервјуто за People објавено минатата среда, смеејќи се на необичната динамика во неговото семејство откако го пречека седмото дете на 80-годишна возраст.

Тој исто така опиша како неговите деца го коментираат бебето, но и неговите внуци.

„Сите деца се многу ентузијастични за неа. Дури и внуците. Таа им е ‘тетка’, а наскоро ќе станат тинејџери“, воодушевено изјавил актерот.

Слични содржини