📽Кандидатката за претседател на Хрватска: Наш стратешки интерес е Вучиќ да не биде на власт

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Ивана Кекин, кандидат за претседател на Хрватска, истакна дека во стратешки интерес на Хрватска е претседателот Александар Вучиќ да не ја води Србија.

„Би сакала само да ве потсетам дека во наш стратешки интерес како Хрватска е да имаме граѓанска и демократска опција на власт во Србија. Тоа со Александар Вучиќ очигледно не е можно“, изјави Кекин, пренесуваат медиумите во Хрватска.

Но, имаме можност и деновиве да видиме, додаде таа, колкава сила имаат граѓаните на Србија, кои се собраа во стотици илјади и протестираа против владата на Александар Вучиќ.

„Ние секако треба да ги поддржиме таквите сили во Србија, како и оние кои, на пример, се борат за својата земја против ископувањето на литиум за да не биде неповратна уништена“, истакна Ивана Кекин.

Слични содржини