Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова денеска изјави дека многу се надева дека нема да има тензии и ексцеси при прославата на годишнината на Гоце Делчев во Скопје. Според неа, ако се дојде до такво нешто, тоа нема да биде добар сигнал и за нашето општество и за граѓаните на Северна Македонија.
„Многу се надевам дека денешните прослави навистина ќе бидат во спомен на еден голем револуционер, голем бугарски обединувач. Личност која не се сожалуваше, за да може да ја види својата татковина обединета и слободна. Во име на овој спомен денеска да нема да има ексцеси, тензии. Се надевам дека нашите колеги од Република Северна Македонија ги презедоа сите мерки за ова. Нема да биде добар сигнал што ќе го испратиме и до нашето општество и до граѓаните на РСМ доколку денеска дојде до конфронтација, ако денеска повторно се разменуваат зборови на омраза – какви што, за жал, сме сведоци во последните години“, вели таа.
„Република Северна Македонија го блокира сопственото членство во ЕУ затоа што Бугарија е категорична. Се додека не се исполнат предусловите од францускиот предлог, кои исто така беа прифатени од нивна страна и се одлука на бугарското народно собрание, нема да дадеме зелено светло за меѓувладина конференција, која практично ќе го деблокира вистинскиот процес за почеток на преговори со РСМ. И додека Бугарите во Македонија не се запишат во Уставот на нашите западни соседи, како и не само евидентирање, туку и почитување на нивните човекови права, како земја која е на пат кон вистинско членство во ЕУ“, коментира Јотова.