277
Ќерката на легендарниот музичар Елвис Присли, Лиза Мари Присли, неодамна почина на 55-годишна возраст.
Зад себе остави три ќерки, а една од нив сега се огласи на Инстаграм со емотивна објава.
Имено, Рајли Кио објави фотографија на која е со нејзината мајка, а таа откри дека е направена непосредно пред да почине Лиза.
„Се чувствувам благословено што имам фотографија од последниот пат кога ја видов мојата прекрасна мајка“, напиша Рајли.