Роуан Аткинсон неодамна се најде во центарот на медиумски скандал.
Актерот е најпопуларен по филмовите „Мистер Бин“ и „Тајниот агент Џони Инглиш“, а сопругата ја изневерил со жена на иста возраст како неговата ќерка.
Семејството на комичарот се распадна, а актерот се разведе од сопругата пред неколку години и со новата партнерка доби трето дете.
Скандалозните постапки на Аткинсон никако не можела да ги толерира неговата ќерка, па решила да се откаже од презимето на татко ѝ и да го замени со мајчиното, па сега се вика Лили Састри.
Лили физички не наликува многу на нејзиниот татко Роуан, туку на нејзината мајка Сунатра Састри. Нејзината кадрава коса, посветлата шминка и природниот изглед едноставно ги воодушевуваат нејзините следбеници на Инстаграм.
Таа претходно се занимавала со актерство, а со нејзиниот татко ги сними комедите „Мистер Бин на одмор“ и „Џони Инглиш“. По актерските ангажмани работеше во кабаре, има свое шоу кое го носи нејзиното име и со кое ги обиколува лондонските клубови.