Ѝ се заканувал на поранешната девојка со оружје, полицијата го приведе

од Nikola Popovski
640 прегледи

Охриѓанец ѝ се заканувал со огнено оружје на својата поранешна девојка, стои во полицискиот билтен на МВР.

Од полицијата соопштија дека дваест и тригодишниот охриѓанец вчера попладне е приведен откако го вперил пиштолот кон својата 23-годишна поранешна девојка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини