Неколку десетици илјади луѓе се собраа во Белград на голем протест против српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата влада, чие цврсто владеење е оспорено од неколкунеделните протести предводени од студентите, објави Асошиеjтед прес.
Митингот на белградскиот плоштад Славија, еден од најголемите во последните години, го свикаа студентите и синдикатите на земјоделците. Ова е дел од поширокото социјално движење кое бара одговорност за уривањето на настрешница на железничката станица на северот од земјата на 1 ноември, во која загинаа 15 лица, објави АП, додавајќи дека помали протести се одржале и во Ниш и Крагуевац. Многумина во Србија ја обвинуваат „широката корупција и невештото работење на зградата на железничката станица во Нови Сад, која беше реновирана двапати во последните години како дел од сомнителни мега-проекти во кои учествуваат кинески државни компании“ за падот на настрешницата. Демонстрантите бараат Вучиќ и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата, додаде АП.
На протестот се приклучија и популарни српски театарски и филмски актери, а актерот Бане Трифуновиќ денешниот митинг го опиша како „фестивал на слободата“, пишуваат странските медиуми.
Во својот извештај од протестот, француската агенција АФП пренесува дека српската влада е под притисок повеќе од седум недели поради протестите по трагедијата во Нови Сад, а многу демонстранти ги обвинуваат властите за корупција и немање контрола.
Митингот во Белград, кој го организираа студенти, започна со 15-минутно молчење во чест на 15-те загинати, а меѓу присутните имаше земјоделци, актери и други граѓани од цела Србија.
Демонстрантите ја окупираа Трг Славија и го блокираа речиси целиот центар на градот. Тие побараа оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад по несреќата, како и кривично гонење на одговорните. Студентите бараат и лицата кои ги нападнаа на претходните протести да бидат кривично гонети и да се отфрлат обвиненијата против нивните колеги кои учествуваа на митинзите.
Beograd,22.12.2024.
Beograd je svet.💪👇 pic.twitter.com/zaBmhFveDl— Miodrag Bebić (@miodrag_bebic) December 22, 2024
Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека нема да попушти пред демонстрантите.
Во исто време, тој го охрабри обезбедувањето субвенции за купување станови или куќи за млади луѓе, што многумина го гледаа како обид за смирување на тензиите, додава АФП. АП објави дека вчера Вучиќ свечено го отворил делот од новоизградениот автопат во централна Србија, каде што изјавил дека нема да попушти пред барањата на опозицијата за преодна влада и ги обвини своите противници дека ги користат студентите за преземање на власта.
Врз основа на достапните снимки и фотографии, тамошниот Архив на јавните собири утврди дека на протестот организиран од студентите на Славија се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.
Na osnovu dostupnih snimaka i fotografija, Arhiv javnih skupova utvrdio je da se na protestu, koji su organizovali studenti na Slaviji, okupilo između 100.000 i 102.000 ljudi. Snimci korišćeni za brojanje učesnika zabeleženi su u periodu između 16:45 i 17:00 časova. pic.twitter.com/sD6J1HupQK
— Arhiv javnih skupova (@javniskupovi) December 22, 2024
Како што објавија на социјалната мрежа Х, снимките со кои се пребројуваа учесниците се снимени во периодот од 16:45 до 17:00 часот.
Од друга страна, оценката на МВР на Вучиќ, која претходно соопшти дека денешниот народен собир во Белград почнал околу 15 часот и 15 минути, а во моментот кога посетеноста била најголема, во 16 часот и 40 минути имало меѓу 28.000 и 29.000 граѓани.
Како што пишува Нова рс, очигледно МВР со официјално соопштение се збунило и погрешно го проценило бројот на присутните – според Архивата на јавни состаноци, бројот на граѓани бил повеќе од три пати поголем од официјалната проценка.
По завршувањето на протестот на плоштадот Славија, студентите упатија порака до сите граѓани на Србија: „Останете со нас, само што почнавме!“