🎥 Ешли Греам во новата кампања на „Викторија Сикрет“: Убавина, самодоверба и мајчинство во еден кадар

од Љубиша Владимиров
88 прегледи

Американскиот модел Ешли Греам позираше за новата кампања на брендот „Викторија Сикрет“ и собра бројни комплименти за нејзиниот изглед. Меѓу другото, таа позираше во боди од тантела и проѕирен градник. Нејзините облини беа во преден план. Таа сподели и видео во кое ја прикажа атмосферата на сетот, на кој присуствуваа и нејзините деца.

„Мојата кампања за Викторија Сикрет излезе. Има еден куп меки, растегливи парчиња. Не би имала ништо против да ја добијам како подарок“, напиша таа.

„Најубавата манекенка досега“, „Ти си толку прекрасна“, „Жешка мама“, „Ти си таа“, се дел од комплиментите кои ги доби на Инстаграм.

 „Викторија Сикрет“ изјави дека долната облека што ја произведуваат им нуди на мајките разновидност и удобност и ги поттикнува да се чувствуваат секси и самоуверени.

Да потсетиме, Греам учествуваше на ревијата на споменатиот бренд во октомври минатата година. Потоа признала дека се двоумела околу оваа понуда, бидејќи „Викторија Сикрет“ долго време беше познат како бренд наменет само за слаби жени.

„Морам да бидам искрена – кога ме контактираа од ‘Викторија Сикрет’, се двоумев. Овој бренд со години не беше посветен на луѓе како мене. Нивната визија за убавина изгледаше ограничена, како сè што создадоа да беше наменето само за еден тип тело, кој не е мој“, изјавила меѓу другото таа.

Таа и нејзиниот сопруг Менелик Џовани го добија синот Исак во 2020 година. Две години подоцна, ги добија близнаците Малахи и Роман.

Слични содржини