Maxim ја објави победничката: Ова е најсексапилната жена на светот

од Vladimir Zorba

Магазинот Maxim го прогласи плус сајз моделот Ешли Греам за најсекси жена во светот во 2023 година.

Maxim традиционално ја објави својата годишна листа Hot 100 за 2023 година, каде што ги наброја најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура.

„Ешли Греам, кралицата на облините, е свеж воздух во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсетува дека тајната не е само во прифаќањето на вашите облини, туку во прифаќањето на себеси онакви какви што сте“, велат во текстот за оваа убавица која била откриена на 12 години во еден трговски центар.

„Ешли е уметничко дело кое оди. Да беше Ботичели жив денес, таа ќе беше неговата Венера“, додaва Maxim.

Ешли има над 20 милиони следбеници на Инстаграм.

Првите 10 имиња на листата на најсекси жени во 2023 година се:

1. Ешли Греам
2. Маргот Роби (минатогодишната победничка)
3. Ана де Армас
4. Самара Вивинг
5. Сабрина Карпентер
6. Сејди Синк
7. Оливија Родриго
8. Изабела Мерсед
9. Џои Кинг
10. Џоди Комер

Слични содржини