100
Финалето на Купот на Македонија почна со осум минути задоцнување – не поради фудбалерите или судијата, туку поради ВАР-технологијата. Игор Стојчевски беше на својата позиција, Вардар и Струга ТЛ подготвени, но сигналот од ВАР-собата – го немаше.
Немаше сигнал од мониторот зад резервните клупи, веднаш до Северната трибина, а сите на теренот чекаа абер. По кратка интервенција, сѐ беше средено и натпреварот конечно почна. Две екипи, една цел – трофејот. Ќе слави ли Вардар или Струга ТЛ? Публиката чека одговор на теренот.