102
Во знак на сочувство и сеќавање на загинатите во трагедијата во Кочани, Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот во боите на македонското знаме.
Овој гест е израз на поддршка за семејствата на жртвите и сите погодени од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а над 170 беа повредени.