За време на преносот од финалето на Лигата на шампионите, се случи непријатен момент помеѓу водителката на CBS, Кејт Скот, и поранешниот шампион на UFC, Хабиб Нурмагомедов. Додека Кејт, заедно со познатите спортски аналитичари Џејми Карагер, Мика Ричардс и Тиери Анри, коментираше за убедливата победа на Пари Сен Жермен со 5-0 над Интер, во студиото им се придружи поранешниот борец и стример IShowSpeed, заедно со Хабиб.
Нурмагомедов се ракуваше со сите членови на панелот, но кога дојде ред на Кејт, тој незгодно ја одби подадената рака. По оваа ситуација, Хабиб објасни дека неговата одлука е поврзана со неговите верски убедувања. Имено, како побожен муслиман од Дагестан, Хабиб го почитува исламското правило кое забранува маж да допира жена која не му е во блиска роднинска врска или сопруга.
UFC legend Khabib Nurmagomedov joins the #UCLToday crew 💥 pic.twitter.com/ovSWV4t9bN
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) May 31, 2025
Водителката Кејт Скот се извини во живо за непријатноста, изразувајќи разбирање и почит кон неговиот став: „Се извинувам, ти благодарам многу. Хабиб, голема чест е што си со нас денес. Не знаевме дека си тука“, рече таа. Подоцна, Кејт го префрли разговорот кон љубовта на Нурмагомедов кон фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, на што Хабиб одговори дека е и навивач на Реал Мадрид. Тој со насмевка се пошегува со Тиери Анри, кој му го скршил срце кога во 2006 година го постигна победничкиот гол во нокаут фазата на Лигата на шампиони. На крајот Кејт Скот доби пофалби за професионалното и смирено справување со непријатната ситуација и за уредното водење на разговорот.