🎥 Нова снимка од пожарот во Кочани: Се слушаат крици и повици за помош – „Излегувајте, се запали Пулс!“

од Даниел Ѓорѓиевски
3,4K прегледи

Излегоа нови снимки од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кои се слушаат гласови на присутните кои викаат: „Излегувајте, излегувајте, се запали Пулс!“

На видеото, објавено на социјалните мрежи, може да се види како присутните во паника се обидуваат да алармираат за пожарот, кој ја зафатил кровната конструкција на објектот. Снимките откриваат крикови, извици и повици за помош, како и хаосот кој настанал за време на огнената стихија, во која загинаа 59 лица, а околу 190 беа повредени.

По трагедијата во Кочани, властите спроведоа опсежна акција, при што Владата повеќе пати нагласи дека нема да биде поштеден ниту еден виновен за случајот. Од опозицијата, пак, се обвинува за селективност во текот на истрагата.

Слични содржини