🎥 Претрес во фабрика за канабис во Гостивар: Приведен сопственикот поради неправилности

од Љубиша Владимиров
25 прегледи

На 10 април 2025 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со ОВР Гостивар и Комисијата за оценување на исполнување на условите за одгледување канабис за медицински цели, извршија претрес во фабрика во Гостивар. Оваа акција следуваше по наредба од Основен суд Гостивар.

Фабриката, која поседува одобрение за производство на канабис за медицински цели, е во сопственост на А.К. (52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина. За време на претресот, во објектот присуствуваа сопственикот А.К. и вработениот Џ.И. (39) од Република Словенија.

При извршената контрола, утврдени се значителни неправилности во процесот на одгледување на канабис, што создава сомнежи дека производството е насочено кон нелегалниот пазар. Полицијата открила две хали за сушење канабис, при што во една од нив пронашла девет пластични буриња наполнети со сув цвет од канабис, без соодветна документација.

По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар, пронајдениот канабис, вклучувајќи ги растенијата и сувиот цвет, е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот. Сопственикот А.К. и вработениот Џ.И. се лишени од слобода. По комплетирање на документацијата, од ОВР Гостивар ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело според член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, а тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар.

МВР продолжува со интензивна борба против нелегалните активности поврзани со дрогите, со цел заштита на јавниот интерес и здравје.

 

Слични содржини