🎥 Силно невреме во Србија: Се појавија и водопади, град падна до колена

од Илинка Илиоска

Обилните врнежи поплавија голем дел од земјата, додека силниот град ги уништи малините во околината на Ивањица, објавија српските медиуми.

Во овие делови на Србија се очекуваат врнежи и грмежи и во наредните часови. Во Ириг поради врнежите се создаде водопад, кој е резултат на силниот дожд.

Жителите на Сремски Карловци се целосно потопени, а по улиците може да се забележи поплава од нечиста вода.

Автомобилите во овие делови на Србија едвај минуваат низ улиците поради големото количество вода на коловозот, а како што можете да се види на видеото објавено на Инстаграм профилот на 192.rs, пешаците се во вода до колена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

РЗМЗ вечерва издаде уште едно итно предупредување за силен интензитет на врнежи со грмежи и град на падините на Фрушка Гора, во поширокото подрачје на Нови Сад и Сремски Карловац.

Слични содржини