🎥 Тишина и гнев во Нови Сад: Илјадници во молк и протест за жртвите на несреќата кај железничката станица

од Марта Пешевска
48 прегледи

Илјадници граѓани и студенти денеска оддадоа почит на 16-те загинати при уривањето на конструкцијата на реконструираната Железничка станица во Нови Сад, кое се случи пред точно шест месеци. Со 21-минутен молк, присутните се потсетија и на вчерашната трагедија во Топола, каде загинаа неколку лица обидувајќи се да спасат маж кој паднал во септичка јама.

Пред станицата беа пуштени црвени балони во облик на срце со имињата на загинатите, а студентите поставија спомен-плоча со натпис: „Нови Сад памти, 1.11.2024, 11:52“. На билборд беше истакнато и големо платно со пораката: „Не ја реконструиравме железничката станица“. По одбележувањето, присутните положија цвеќиња и венци, а потоа се упатија кон Мостот на слободата.

 

Слични содржини