Кристијано дос Сантос Џуниор, најстариот син на легендарниот фудбалер Кристијано Роналдо, го доби својот прв повик во репрезентацијата на Португалија до 15 години. Тој ќе има можност да дебитира на меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ“, кој ќе се одржи од 13 до 18 мај во Хрватска. Овој прв повик претставува важна пресвртница во младата кариера на Кристијано Џуниор, кој веќе го следи патот на својот татко.
Моментално настапува за младиот тим на Ал-Наср, каде што игра и неговиот татко, а претходно тренираше во академиите на Манчестер Јунајтед и Јувентус. „Горд сум на тебе“, напиша Кристијано Роналдо на социјалните мрежи, објавувајќи ја веста за повикот на својот син во националниот состав. Португалија ќе настапи во Групата Б заедно со Англија, Јапонија и Грција.
Натпреварите ќе се играат во градовите Лудбрег, Чаковец, Коториба и Свети Мартин на Мури. Турнирот „Влатко Марковиќ“ важи за еден од најпрестижните за оваа возрасна категорија. Во меѓувреме, неговиот татко, и покрај годините, и понатаму е активен репрезентативец и е еден од главните адути на сениорскиот тим на Португалија.
Cristiano Ronaldo's son is following in his fathers footsteps… 👀🇵🇹 pic.twitter.com/YeVEE8WOP6
— Mail Sport (@MailSport) May 6, 2025