🎥Артета побегна по прашање за титулата – дали е готово?

од Nikola Popovski
14 прегледи

Арсенал освои бод на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед, но сега е илјадници милји далеку од титулата. Тоа ја покажува и реакцијата на Микел Артета на крајот од натпреварот.

„Топчиите“ веќе извесно време имаат проблеми со голем број повредени играчи, но и слаби перформанси. Тоа ги чинеше многу, па и овојпат не успеаја да го совладаат десеткуваниот Јунајтед.

Бодот на Арсенал против „црвените ѓаволи“ им донесе 55 бодови, 15 помалку од Ливерпул, а тимот од „Емирати“ е нивниот главен ривал за титулата оваа сезона. Тоа би значело дека сезоната е практично завршена.

Тоа ја поткрепува и реакцијата на Микел Артета по натпреварот. На новинарско прашање за разликата помеѓу Ливерпул и Арсенал, Артета не сакаше да одговори и побегна со краток коментар:

„Благодарам“.

Многу е јасно дека особено го погоди Артета. Арсенал лесно можеше да загуби од Јунајтед, но и сега нивните шанси за освојување на титулата се многу, многу мали. Математички е можно, но реално, многу е тешко.

Слични содржини