Лука Дончиќ пред натпреварот против „својот“ Далас излезе на паркетот во Лос Анџелес, а потоа прво направи серија склекови.
Како само експлодираше бомбата кога Далас реши да се ослободи од Дончиќ и тој да се пресели во Лејкерс – главниот виновник за ова беше Нико Харисон, кој наводно планот го смислувал планот со месеци.
На крајот успеа да го испрати Дончиќ во Калифорнија и за возврат да го добие Ентони Дејвис. Во целиот пакет е вклучена и големата омраза која редовно ја добива од фановите, а сега за инает Дончиќ реши да му покаже нешто слично.
Генералниот менаџер на Далас беше еден од оние кои не само што го оркестрираа трејдот, туку и наводно шират трачеви во медиумите дека Дончиќ има вишок килограми, дека сега има повеќе од 122 килограми, дека Далас веќе не е сигурен дека може да игра сериозна кошарка… Се, се разбира, под изговор за да не му го даде супермаксималниот договор што му следува следното лето на Словенецот.
На сето тоа одговори Дончиќ.
Luka doing push-ups in warmups 😤
How many points is he scoring tonight?! 🍿👀 pic.twitter.com/Gn2HnKHek7
— House of Highlights (@HoHighlights) February 26, 2025
Се спушти на паркетот, направи серија склекови, а потоа покажа кон Харисон – „Ова е за тебе“.
Тоа беше доказ дека е подготвен и дека сигурно може да игра на највисоко ниво. „Стрелаше“ кон Харисон со очи по една погодена тројка во првата четвртина.
LUKA DONCIC HITS THE THREE OVER 2 DEFENDERS AND STARES DOWN THE MAVS BENCH pic.twitter.com/RhwzYwmePD
— Lakers Empire (@LakersEmpire) February 26, 2025
Во текот на натпреварот, навивачите на Лејкерс скандираа за Харисон во поголемиот дел од натпреварот.
„Ти благодариме Нико“, можеше да се слушне во „Крипто арената“ секогаш кога Дончиќ ќе заблескаше.