Прославата на титулата во Ливерпул се претвори во парада на ужас поради безумниот чин на една личност. За среќа, никој не го загуби животот, но неколкумина се сериозно повредени и ќе има неизбришлива траума од нешто што требаше да остане убав спомен.
Накратко, ова би бил епилогот од морничавите сцени во Англија на прославата на новата титула на клубот од „Енфилд“.
53-годишен маж е уапсен во Ливерпул откако десетици луѓе беа повредени кога автомобил се заби во група навивачи кои ја славеа титулата во Премиер лигата.
Според проценките, помеѓу 800.000 и еден милион фанови се собрале на улиците на градот за да ја прослават титулата со песната.
Прославата се претвори во целосен ужас кога едно лице возеше автомобил низ толпата. 27 лица биле примени во болниците низ градот, од кои четири се повредени деца.
Се појави снимка која го прикажува целиот ужас од настанот и е доста вознемирувачка.
Monkeys are dangerous. Dont feed them cars. #Liverpool pic.twitter.com/Izf4GXZR8I
— L. Baekelandt (@LuDoviEk) May 27, 2025