Една од најголемите кариери во историјата на фудбалот дојде до својот крај – таа траеше доволно долго за целосно да уживаме во играта на Андрес Иниеста, кој според многумина е најдобриот играч за врска во овој милениум. Долгогодишниот шпански репрезентативец со емотивмна порака се прости од активниот фудбал, а на видеото кое го сподели на социјалните мрежи се гледаат уште некои познати лица.
„За мене фудбалот беше…“, изјави Андрес Иниеста и само тоа успеа да каже на почетокот на емотивното видео. На лицето на фудбалскиот мајстор се гледаа солзи какви денес нема, а иако сакаше да ги сокрие, сепак не успеа.
Луис Енрике ќе каже за Иниеска дека е исто како играње на улица во детските денови, кога твоите те бараат дома откако ќе се стемни, а ти веќе не ја гледаш топката. Пеп Гвардиола ќе каже дека Андрес Иниеста ги имал најважните квалитети и дека неговите зборови му дале сила да продолжи со работата.
El Juego Continúa ❤️⚽️ 8️⃣🔟2️⃣4️⃣ pic.twitter.com/YLrDOfxVCB
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) October 7, 2024
Андрес Иниеста е роден во Фуентеалбиља во близина на Албасете, каде ја започна својата кариера. по две години во јуниорските категории, на 12 години се пресели во Барселона и испрати дел од една од најпознатите фудбалски школи во светот. По четири години доби шанса во Барселона Б, па шанса во првиот тим, а дел од славниот шпански клуб остана до 2018 година. Последните сезони од кариерата ги помина во Висел Кобе во Јапонија, односно Емирати каде настапуваше една сезона.
Со тимот на Барселона освои девет шампионски титули, шест трофеи во Копа дел Реј, пет шпански Суперкупа, четири Лига на шампиони, два Суперкупа на УЕФА и три Светски клупски првенства на ФИФА. Во Јапонија освои и три трофеи на клупски план, додека со шпанската репрезентација забележа неверојатни резултати. Беше европски првак со репрезентации до 16 и 19 години, а потоа и двоен европски првак во сениорска конкуренција. Во 2010 година го освои и Светското првенство во Јужна Африка откако во 116. минута против Холандија беше единствениот стрелец на финалниот меч.