Кошаркарот на Далас Маверикс Кајри Ирвинг ненамерно повреди и искрвари дете за време на натпреварот против Бостон Селтикс во Далас (107:122).
Во втората четвртина при напад на Далас, Ирвинг се обиде да му додаде на соиграч, но топката излезе надвор од теренот, погодувајќи го момчето во глава.
Лекарскиот тим на Далас Маверикс брзо му пружи помош на младиот навивач кој седеше во првиот ред на трибините, откако беше силно погоден со топката.
Навивачите првично беа преплашени од оваа несреќа. Од снимките беше јасно дека има крв на лицето.
Самиот Ирвинг му пријде на младиот навивач и му се извини кој потоа доби аплауз од целата сала пред да продолжи натпреварот.
Погледнете како изгледаше:
Kyrie pass injured a kid, and he’s bleeding 😳pic.twitter.com/860gLlIuMh
— NBACentel (@TheNBACentel) January 25, 2025