🎥Искршена вратата пред шалтерите за подигнување на лични документи

од Nikola Popovski
1,8K прегледи

Чекање со часови, турканици, расправии и безредие во МВР за подигање на лични документи со уставното име Република Северна Македонија. На социјалните мрежи од вчера се споделува видео од просториите на МВР во МРТВ, каде граѓаните се туркаат, викаат и се расправаат за да ги подигнат личните документи.

Притоа може да се види како е искршена и откорната вратата од просториите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Види Вака (@vidivaka)

МВР потврди дека имало инцидент на шалтерите за подгинување документи, за што е осомничен 50-годишен граѓанин.

-Денеска во 13.35 часот во објектот на Одделот за управни работи во зградата на МРТВ е констатирано нарушување на јавниот ред и мир од А.А. (50) и сочинет е Записник за констатиран прекршок, одговори МВР.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Сител изјави дека ова што им се прави на граѓаните е срамота и дека побарал рокот да се одложи до септември или октомври.

Прашан за оваа идеја на Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, рече дека ќе се разговара на владина седница.

Демократскиот сојуз предлага Владата да предложи измена на законите со кои ќе се продолжи рокот за замена на личните документи (лични карти, возачки дозволи и пасоши) до крајот на оваа гoдина.

Согласно измените на Уставот по Преспанскиот договор, граѓаните имаат обврска личните документи да ги заменат до 12 февруари. Граѓаните кои денеска ги сретнавме стравуваат дека ако не го испочитуваат овој рок, не само што нема да можат да патуваат, туку и ќе им биде оневозможено да си ги подигнат платите и пензиите од банка.

Уставните измени за промена на името во Северна Македонија во Собранието поминаа на 11 јануари 2019, по што се очекуваше и да се започне со издавање на лични документи со новото име, а рокот согласно Преспанскиот договор со Грција за оваа обврска истекува на 12 февруари 2024 година, до кога и сите граѓани ќе мора да ги извршат овие промени.

Слични содржини