🎥Итно се евакуираат облакодери и згради во строгиот центар на Бангкок: „Се слуша како пукаат ѕидовите“

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Неколку згради во Бангкок се евакуирани во понеделник наутро поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост.

Bеше објавено i дека во ѕидовите се слушнало пукање, што предизвикало паника кај многу жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.

Евакуацијата започнала околу 10 часот. Меѓу погодените беа зградите на владиниот комплекс на патот Ченг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и зградите на судот на патот Рачадаписек.

Луѓето беа евакуирани и од седиштето на Државната банка за домување во округот Хуаи Кванг, Кривичниот суд во Рачадафисек и Канцеларијата за социјално осигурување во Дин Даенг.

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе. Спасувачките тимови се обидуваат да пронајдат уште преживеани под урнатините на зградите во Мјанмар и Тајланд, а во заедничка петчасовна спасувачка операција спроведена од кинески, руски и локални тимови, една жена е спасена по 60 часа под урнатините на хотелот Great Wall во градот Мандалеј, јавува Ројтерс.

Во Бангкок, главниот град на Тајланд, спасувачките тимови со помош на кранови и кучиња трагачи денеска ја продолжија потрагата по 76 лица за кои се верува дека се затрупани под урнатините на облакодер во изградба, кој се урна.

Слични содржини